Латвија е 100-та држава што Хилари ја посетила за време на својот мандат, рушејќи го рекордот на Меделин Олбрајт , која во времето на Бил Клинтон (1997-ма до 2001-ва) посети 96 држави.
Претходничката на Хилари, Кондолиза Рајс за четири години мандат посети 85 држави.
Клинтон до сега минала 337 денови на пат надвор од земјата. Во оваа бројка се вклучени и 1.750 часа минати во нејзиниот авион Ер Форс 757.
Рекордот, Хилари го постави со фора од уште 6 месеци од мандатот.
Како и пред да стане Државен секретар, и сега Хилари тврди дека нема шанси да прифати уште еден мандат.