Пеглањето и машката среќа

Најновите истражувања покажуваат дека женското лоби не знае баш најдобро да ги искористи врските што ги има во ПР светот и дека многу очигледно сака да ги намести мажите.

Колку повеќе мажите помагаат по дома, толку тие се посреќни и подобро се справуваат со конфликтот на приватниот живот и кариерата, се тврди во една студија на Кембриџ спроведена во седум европски држави.

Во основа, рангирањето на среќата и задоволство на мажите е правено во споредба со други мажи во брак. Тие не биле споредувани со мажите кои уште не се ожениле.

Едно од објаснувањата за поврзаноста меѓу среќата и вршењето домашни работи, е дека мажите кои работат по дома се чувствуваат помалку виновни. Сепак главната причина се верува дека е тоа што мажите ја "научиле тајната на мирниот живот."

Целиот проект е предводен од професорката Жаклина Скот, која како објаснување за резултатите вели "Времињата се менуваат."

28 јуни 2012 - 09:33