Весникот го предвидува ова врз основа на прес-конференцијата што од ЦЕРН ја имаат закажано во среда, а на која е поканет и самиот професор Питер Хигс, кој пред 48 години го предвиде постоењето на честичката.
Како што пренесуваат, научниците сега се "четири сигма" нивото што значи 99,99% сигурност дека честичката е откриена. Сепак од ЦЕРН бараат двата тима научници да постигнат "пет сигма" ниво, односно 99,99995% сигурност.
Оваа честичка се смета за клуч за разбирањето на универзумот. Нејзина работа е да ги создаде честичките кои му ја даваат масата на атомот. Без оваа маса, честичките не би можеле да се спојат меѓу себе за да ги формираат атомите.