По нивните статистики во светот има од 119 до 224 милиони корисници на марихуана меѓу полнолетната светска популација.
На прво место по користење канабис се Австралија и Нов Зеланд, на второ се САД и Канада а зад нив се Шпанија, Франција, Италија и Чешка.
Во извештајот се забележуваат и одредени промени во навиките на корисниците. Европјаните се помалку имаат мерак на хашиш а во Авганистан канабисот станал најпрофитабилна дрога во 2010-та, превземајќи го првото место од хероинот.