Сардисале лондонскиот стадион

Атмосферата е вжештена, елитните единици веќе ги зафатија своите места а забележано е нивно прегрупирање во деловите околу стадионот во Страдфорд и Олимпиското село. Сексуалните игри можат да започнат.

Надлежните англиски пуританци ги предупредуваат граѓаните да бидат претпазливи бидејќи реално се очекува за време на Олимписките игри проституцијата во градот да доживее процут.

Така беше и на претходната Олимпијада во Атина кога сексуалната трговија беше двојно зголемена а во Сиднеј беа забележани сексуални инциденти и во Олимпиското село.

Индустријата на секс услуги во Лондон на големо се подготвува да ги дочека драгите гости. Добар дел од агенциите веќе се ребрендираа користејќи олимписки симболи па сега се викаат "Олимписка придружба" или "Услуги за златен медал". Дел од нив останале со старите имиња но го го 'поолимпичиле' своето мени па нудат "златни пакети" и други слични спортско -рекреативни услуги.

Надлежните забележале прегрупирање и засилување на проститутки во реонот околу Стратфорд стадионот и во близина на Олимпиското село.

Истовремено, граѓаните на источен Лондон потпишуваат петиција полицијата да престане да ги тормози проститутките на улиците и да почне да ги лови нивните макроа.

Не е важно да се учествува, важно е да се наплати.

 

 

27 јуни 2012 - 14:20