Индексот ги собира 100 најважни ликови во 10 десет различни полиња на интернетот. Категориите и луѓето се:
- визионери
1. Џеф Безос, првиот човек на Амазон, кој од својата гаража ја изгради империја и ја редефинираше продажбата на глобално ниво.
2. Лари Пејџ, на крајот до 90-те направи пребарувач за снаоѓање на разбрканиот интернет. Денес Гугл е Гугл.
3. Марк Закерберг, човекот што е најважното име во 2012-та во светот на интернетот.
- иноватори
1. Сергеј Брин, почна со иновирање на начинот на кој го користиме интернетот. Десетина години подоцна, неговата компанија не престанува да го подобрува начинот на кој корисниците го доживуваат интернетот.
2. Џек Дорси, никогаш претходно некој не помислил дека 140 карактери ќе можат да се искористат за да се соборуваат влади и да се почнуваат револуции. Го основаше Твитер, за неколку години подоцна почне со нова компанија, која треба да го револуционира начинот на кој се плаќа во светот.
3. Дејвид Карп, на 20 години го основаше блогерскиот сервис Тумблр. Во првите две недели привлече 75.000 корисници. Денес има над 50 милиони блогови.
- евангелисти
1. Винт Серф, човекот кој е прогласен за еден од основачите на интернетот. Човекот беше главен програмер во АРПАНЕТ (претходникот на модерниот интернет), го предводеше создавањето на комерцијалниот меил и беше претседател на ИКАНН.
2. Јанси Стриклер, пред 10 години почна како музички новинар и уредник на eMusic. Откако му пропадна организацијата на еден џез концерт, ја доби идејата за Kickstarter. Денес сајтот е централа за собирање пари за најразлични проекти од цел свет.
3. Шерил Сандберг, пред да стигне во Фејсбук, беше во администрацијата на Бил Клинтон и потпретседател за онлајн продажба во Гугл. Кога стигна во ФБ, ја воведе компанијата во светот на онлајн адвертајзингот.
- ангели
1. Пол Грахам, пред да ја основа Y Combinator во 2005-та, добива сериозна репутација во светот на стартап бизнисот. Компанијата станува расадник за огромен број на денешни интернет компании од Дропбокс и Редит до Скрипд.
2. Рон Конвеј, еден од "супер-ангелите" на Силициумската долина. Меѓу првите инвеститори во Гугл, ПејПал, Фејсбук, Твитер и Пинтрест.
3. Рид Хофман е најдобро познат како основач на ЛинкдИн. Неговото портфолио на инвестиции ги вклучува Фејсбук, Зинга, Дигг и Фликр.
- личност
1. Еван Вилијамс, го основаше Твитер, за во 2010-та да го напушти раководството на компанијата и да продолжи со нови проекти и нови компании.
2. Кевин Роуз, стана познат како основач на Дигг. Откако ја напушти компанијата во март 2011-та, тој го основаше интернет инкубаторот Милк. Во 2012-та Гугл ја купува неговата компанија за 15 милиони долари, а тој станува партнер во Google Ventures. На списокот на претходните инвестиции на Роуз се Фејсбук, Форсквер, Твитер и Зинга.
3. Алекси Оханиан дипломираше во 2005-та, и веднаш се зафати со правење на социјалната мрежа за вести Редит. Една година подоцна, Редит беше купен од Конде Наст. Денес сајтот има 33 милиони корисници месечно и 2,6 милијарди импресии. Годинава Оханиан ја искористи моќта на неговата мрежа да се побуни против SOPA. Сега за сега му успеа.
- револуционери
1. Џулијан Асанж, австралискиот програмер кој се претвори во меѓународен борец за слобода. Викиликс почна да работи во 2006-та, објавувајќи корупција во американската администрација, тајни за војните во Ирак и Авганистан и мејловите на Сара Палин.
2. Ваел Гоним беше претседател за маркетинг на Гугл за Средниот Исток, кога си даде оставка и се посвети на револуцијата во Египет. Гоним ја покрена Фејсбук страната која ги организираше протестите на плоштадот Тахрир во Каиро.
3. Џејк Дејвис е поврзан со Анонимус и наводно еден од основачите на ЛулзСек, двете групи кои се обвинети за уништување на десетици владини сајтови и откривање на дузини владини и корпорациски тајни.
- градители
1. Линус Торвалдс е одговорен за создавањето на Линукс "кернелот." Кернелот е сржта на бесплатниот, отворен софтвер што програмерите го користат низ светот за создавање на варијации на Линукс оперативниот систем.
2. Брендан Аик во 1995-та додека работеше во Нетскејп го креираше програмскиот јазик ЈаваСкрипт. Во 1998-ма тој ја создаде Мозила, чија цел беше создавање на слободен интернет.
3. Брам Коен е веројатно најомразениот лик во Холивуд, најмногу заради неговиот изум од 2001. - БитТорент.
- мислители
1. Езра Клајн, некогашниот блогер, сега е еден од столбовите на Вашингтон пост. Човек со уникатен пристап и став кон економијата и политиката на САД.
2. Роберт Рајт, човек кој и без неговото влијание од Blogginghead.tv вреди да се спомене во оваа категорија како автор на книги за филозофија, психологија и техника.
3. Мат Иглезијас, еден од врвните аналитичари на интернет, а дополнително и автор на книги и колумнист.
- навигатори
1. Рон Вајден е сенатор од 1996-та, ама вниманието го привлече неодамна кога се истакна како главен противник во сенатот на СОПА и ПИПА. Тој е човекот кој го блокираше изгласувањето на ПИПА, и му дозволи на интернетот да работи на укинување на законот.
2. Дејвид Владек во 2009-та стана директор на Бирото за заштита на потрошувачите. Од тогаш комплетно се промени филозофијата за онлајн правата на потрошувачите. Во најголем дел, за она што се може да прави една компанија со вашите податоци.
3. Џими Велс стапи на сцена против СОПА и ПИПА откако Вајден успеа да го блокира процесот за нивно изгласување. Во јануари тој ја изгаси Википедија на 24 часа за да привлече внимание на предложените закони.
- вирално
1. Крис Пул имаше 15 години кога го стартуваше 4Chan. Комплетно контроверзниот сајт кој беше гнездото на десетици интернет меме-а и родно место на Анонимус.
2. Мат Друџ во 1998-ма објави дека Њузвик подготвува сторија за секс скандал во Белата Куќа, во кој е вклучена една приправничка и претседателот на САД. Еден ден подоцна, тој го имаше името на девојката - Моника Левински.
3. Енди Карвин во 2006-та беше ангажиран како "човек-редакција" за вести од Твитер. Кога во Тунис на големо беше почната Арапската пролет, тој веќе имаше по 400 твитови на ден, со слики и видеа од случувањата.
- ова е методологијата за изборот