Решението доаѓа во форма нож кој сам се загрева и одржува температура од 41,8 степени. Ножот нема гајтани и се напојува со две АА батерии кои се сместени во неговата рачка.
Според луѓето кои го смислија, оваа температура е доволна за да размачка путерот без да се направи дупка во лебот.
Варбуртонс која е една од најраспространетите пекари во Британија, го направила ножот откако едно нивно истражување покажало дека тој е најпосакуваниот изум за појадок. Освен путерот, меѓу топ 5-те проблеми во појадокот на Британците се и оладен чај и изгорен тост.