Во тестирањето на 19 различни брендови кола во Франција, во десет научниците нашле траги на алкохол - околу 10 милиграми на еден литар или 0,001%. Со оваа стапка би било потребно да испиете околу 13.000 лименки за да имате над дозволената граница на алкохол во крвта.
"Можно е трагите на алкохол да доаѓаат од процесот по кој го правиме пијалакот. Но, париската џамија ни даде сертификат дека таа може да биде консумирана од муслиманската заедница," изјавил главниот научник на Кока Кола Франција, Мишел Пепин, во врска со истражувањето.
И од Пепси го дале истото објаснување, дека рецептот за пијалакот не содржи никаков алкохол и дека трагите што се откриени може да доаѓаат од состојките кои се користат.
И двете компании објаснуваат дека трагите можат да бидат предизвикани од природната ферментација на овошјето.