Како ретко кога, Рекс Тилерсон, призна дека високото ниво на јаглерод има влијание на околината ама - тоа е тоа.
"Ние (луѓето) целото наше постоење го имаме минато адаптирајќи се. Ок? Па, ќе се адаптираме и на ова. Климатските промени го селат плодното земјиште - ќе се навикнеме на тоа. Тоа е инженерски проблем и ќе има инженерско решение," изјавил Тилерсон пред советот на Надворешни односи.
И покрај тоа што верува во штетноста на издувните гасовите, првиот човек на нафтениот гигант, не е многу уверен дека научниците можат прецизно да одредат колку всушност тие ја загреваат Земјата.
"Не го спорам негативното влијание што ќе го има растот на емисии на ЦО2. Ама колку големо ќе биде тоа, тешко е дека некој може да предвиди. А во зависност од тоа колку е големо влијанието, човек може да ги предвиди последиците," порачал Тилерсон.
Колку и да изгледа негативно, ова е еден од помеките ставови на некој од раководството на Ексон. Претходниот ЦЕО на компанијата, беше познат како донатор на групите кои ги негираа климатските промени.