Сите возила на француските патишта во иднина ќе треба да имаат хемиски или електронски алко-тестови. Во спротивно (дури и да се трезни) возачите ќе треба да платат казна од 11 евра.
Околу една третина од фаталните сообраќајки низ Франција се должат на возење под дејство, споредено со само 17% во Британија и 10% во Германија.
"Немам тест и апсурдно е да бидам казнет за тоа. Ама тоа е законот и ќе го почитуваме. Ама мислам дека овие тестови ќе бидат многу покорисни во баровите и ноќните клубови," изјавил еден од интервјуираните возачи.
Секогаш постои опцијата дека задолжителното имање алко-тест ќе се претвори во натпревар кој може да постигне повисок резултат, ама властите веруваат дека новите правила генерално ќе го намалат бројот на сообраќајки во земјата.