1 минута = 61 секунда

Официјалните мерачи на времето пресметале дека треба да се додаде 1 секунда на минутата, за часовникот да одговара со движењето на Земјата.

Последната минута во јуни ќе трае 61 секунда за да се компензира за непланираните движења на Земјата. Така, на 30-ти јуни, ротацијата на Земјата за 360 степени, ќе трае 86.401 секунда, наместо стандардните 86.400.

Проблемот е што гравитационите сили ја нарушуваат синхронизацијата меѓу соларното време и Меѓународното атомско време, заради што од време на време мора да се додаде по една секунда.

Иако на најголемиот дел од човештвото му е комплетно сеедно што ќе се додаде 1 секунда, целата операција преставува сериозен проблем за претставниците на Меѓународната телекомуникациска унија. Тие на секое дополнување на времето, тие мора рачно да го менуваат часовникот на десетици системи, како сателити или телекомуникациски мрежи, кај кои една секунда може да направи катастрофални проблеми во пресметките.

29 јуни 2012 - 15:50