Оскар за фризер на годината

Од следната година, за прв пат златното човече на Академијата ќе може да засвети и во некоја фризерница.

Иако нема да добијат посебна категорија, како што бараа, сепак ќе бидат признаени како дел од хибридната - Најдобро постигнување во шминка и фризура.

Меѓу првите на веста реагираше Тед Гибсон, еден од најпознатите фризери во Холивуд (ги средува Анџелина Џоли, Марион Котилард, Ен Хатавеј), кој не е пресреќен што ќе треба да ја дели категоријата.

"Мило ми е што Академијата конечно ги признава фризерите во филмовите. Ова е одличен почеток. Ама не сум задоволен бидејќи косата треба да има сопствена категорија. Мерил Стрип му се заблагодари на својот фризер кога земаше Оскар (за Челичната дама), бидејќи знаеше колку е тој важен," изјавил Гибсон.

Годинава повторно беа одбиени барањата за воведување Оскар за каскадери и кастинг директори.

2 јули 2012 - 14:08