Белото не стигна во Романија

Австриската полиција на границата со Унгарија сопре колона од 3 комбиња во која заплени 9,5 тони шверцувана стока наменета за романскиот пазар.

Застанатите комбиња биле преполни со лук кој се уште не е познато дали е украден или само прошверцуван од Шпанија.

Робата, чија крајна дестинација била Романија, се проценува на 37.500 долари (190 денари / килограм). Петте Романци кои биле уапсени во комбињата се задржани во полиција.

Полицајците изјавиле дека немале поим што има во комбињата, но дека како што се приближувале до нив се ширела силна миризба на лук.

27 јуни 2012 - 16:34