Главна причина за ова е што на говедата им се потребни многу поголеми количини на храна, вода, земја и енергија, за растење и транспорт, во споредба со растенијата.
За да се направи една плескавица (со Мекдоналдс големина) потребни се 3 килограми жито и сточна храна, плус 200 литри вода за пиење и наводнување на храната за говедото, 6,8 метри квадратни за шетање и за растење на храната и 1 мегаџул енергија за производство и транспорт (ова е истата енергија колку што би потрошила просечна микропечка за 18 минути).
Во пресметката не е вклучена емисијата не метан од животните и нивниот отпад.
Инаку, денес во САД се одгледуваат многу помалку говеда отколку во 70-те, но благодарејќи на научните напредоци се произведува многу повеќе месо отколку пред 40 години. Ако на почетокот од 70-те во просек се ваделе по 280 килограми месо од едно животно, денес тој просек е 355 килограми.
Просечната консумација на месо во светот е 46,5 килограми годишно, во САД просекот е 122,8 килограми, а во Македонија е 50 килограми.