Хакери уценуваат родители со украдени податоци за 8.000 деца

Кибернетска банда упаднала во синџирот градинки Кидо и украла најчувствителни податоци за повеќе од 8.000 деца во Британија, САД и во Индија - имиња, фотографии и адреси. Криминалците велат дека имаат и информации за родителите и старателите на децата. Ги користат за да ги уценуваат родителите да платат откуп. Полиција ги советува родителите никако да не плаќаат.

Релативно новата и досега непозната хакерска група, која се нарекува Radiant објавила дел од украдените содржини на својата страница на даркнет – целосни профили на десет деца, вклучувајќи и фотографии. Групата се заканува дека ќе ги објави основните податоци на сите деца чии родители нема да платат откуп.

Во порака до ББЦ, хакерите објасниле дека „не бараат огромна сума“ и дека „заслужуваат одредена компензација за тестот за пробивање на безбедноста на системот“.

Тестот за пенетрација – вообичаен за безбедноста на системите. Се ангажираат етички хакери, кои на контролиран и професионален начин се обидуваат да се уфрлат во системот за да ја проценат заштитата и потоа да ги посочат слабостите.

Такво тестирање не било побарано од Кидо, кој има 18 градинки во регионот на Лондон и многу други низ Британија, па и во САД и Индија.

Мајка на дете од градинките изјави за ББЦ дека лично добила е-пошта од хакерите, со детално објаснување кои се информации биле украдени.

Сè беше многу професионално и добро напишано, без правописни грешки или нешто слично, вели мајката.

Лондонската Метрополитен полиција на 25 септември добила налог да дејствува поради пријавите за рансомвер. Полиција ги советува родителите да не плаќаат откуп, за да не го поттикнат уште повеќе кибернетскиот криминал. 

И претходно сме биле сведоци на некои загрижувачки барања од бандите за рансомвер, но ова е од сосема друго ниво. Градинките итно мораат да контактираат со секој што е засегнат од пробивот на податоците, изјави Ребека Муди, раководител на истражување на податоци во софтверската фирма Comparitech.

27 септември 2025 - 12:42