
СУДИЈKATA: Дали се каете за тоа што го направивте?
ФИЛИП ЗАВАДЛАВ: Не се каам, среќен сум што ги елиминирав тие три мрцини кои продаваа дрога во мојот Сплит. Го направив она што полицијата требаше да го направи одамна, само се каам што ќе го поминам остатокот од животот заклучен зад решетки. На крајот, бев принуден на тоа затоа што ме бркаа и неколкупати се обидоа да ме убијат.
СУДИЈКАТА: Немам повеќе прашања.
ФИЛИП: Да си ја вршевте работата како што треба, сега тие ќе беа во затвор, а не јас. СУДИЈKATA: Готово е за денес.
Во моите 25 години, никогаш не сум сторил ниту едно кривично дело или прекршок, ниту пак сум имал контакт со дрога. Работев како морнар на брод. Вистина е дека мојот брат купувал дрога од некои локални момци - немал пари да им плати, па земал на вересија. Очигледно, потоа ми го префрлиле тој долг мене, како јас да сум земал. Еднаш му го отплатив долгот од 1.000 евра и му реков да не го прави тоа повторно. Сепак, по некое време повторно ме повикаа и ми се заканија дека им должам уште 1.500 евра. Ги игнорирав, но потоа ми направија сачекушаи ме претепаа - беа тројца. После тоа, неколку пати доаѓаа на мојата адреса и ми се закануваа со пораки дека ќе ме убијат; не можев да спијам од стрес. На крајот, ми рекоа дека им должам 3.000 евра или ќе го убијат брат ми. Тогаш решив да набавам оружје и да ги потепам- ги знаев последиците, но немав избор. Три пати ги пријавив во полиција, но тие не реагираа.
Филип Завадлав - на последното рочиште во судницата.
п.с. Филип е осуден на 40 години затвор.