Во 2004-та, кога цела Грција ја слави Олимпијадата и општиот просперитет на земјата, Каракепелис започнува да живее со најсиромашните жители на Атина, кои лебот го вадат собирајќи ѓубре и препродавајќи го за рециклирање. Со нив минува 6 години и го снима документарецот "Raw Material."
"Уште тогаш ситуацијата со собирачите на ѓубре покажа дека чувството на просперитет е лажно. Да бидеш на 5 минути од Партенон, симболот на Западната Цивилизација, и да видиш таму како живеат овие луѓе, покажа дека работите многу поинаку ќе се развијат," објаснува Каракепелис.
Во тоа време никој не ни сакал да размисли за какви било проблеми, Грците едноставно верувале дека се непобедливи, никој не ни сакал да погледне кон илјадниците луѓе кои живеат собирајќи железо и отпад.
"Кога почнавме да снимаме, во 2004-та, никој не зборуваше за сиромаштија или корупција. Грција ја славеше Олимпијадата, и се изгледаше светло и надежно. Оптимизмот доведе до инвестирање на 15 милијарди евра во спортски објекти за Олимпијадата," потсетува режисерот.
8 години подоцна, околу 1,1 милион Грци се невработени, 30% од продавниците во главниот град се затворени а бездомниците се редовна појава.
Се проценува дека денес има два до три пати повеќе собирачи на отпад отколку кога Каракепелис почнал да снима. Дополнителен проблем за нив е што заради намалената потрошувачка на средната класа, сега има и многу помалку отпад за собирање на улиците на Атина.