80% од испитаниците во студијата на Good Technology изјавиле дека продолжуваат со работа и откако ќе ја напуштат канцеларијата. Часовите што Американците ги одработуваат после работа во текот на една недела, е еднакво на уште еден работен ден неделно.
По основа на проверување на мејловите, ситуацијата е следна:
- 50% проверувале меил во кревет
- 68% провериле меил пред 8 часот
- 40% проверувале по 22 часот
- 57% проверувале кога биле излезени со семејството
- 38% проверувале додека биле на вечера
- а 69% изјавиле дека не можат да си легнат без да проверат меил
Треба да се има во предвид дека САД е единствената развиена земја, во која компаниите не се задолжени да им дадат платен одмор на работниците. Ниту еден ден.
За разлика од нив во Европа (дури и работливите нации) Германија и Франција добиваат по 30 работни денови платен одмор (платен одмор + платени празници).