Наплаќањето на карти за церемонијата се оправдува со трошоците за прескапиот процес на гласање на Еми, во кој учествуваат над 15.000 членови на Академијата за телевизиски уметности и науки.
Официјалната котација за сериите чини по 150 долари од епизода, во една категорија. Што значи, ако решиш да пратиш 10 епизоди од твојата серија, за разгледување во секоја од 28-те категории, тогаш ќе треба да платиш 42.000 долари.
И покрај тоа што продуцентите се бунат за високите трошоци секоја година расте бројот на пријавени серии. Ако во 1992-ра имало 29 номинирани серии во категоријата драма, во 2002-ра оваа бројка изнесувала 57, за годинава да порасне на 87.
На страна од ова, кампањата на продуцентите за промоција на нивната серија пред Академијата, може да чини од 150.000 до 500.000 евра.
Се на се, Еми го чини Холивуд над 30 милиони долари годишно (за статуетка што чини 400 долари).