Во пресрет на 69-тото доделување на телевизиските еквиваленти за Оскар, истражување открива дека ретко кој гледал нешто од номинираните за награда. А добар дел од луѓето не ни слушнале за сериите.
Дали има разлика меѓу „доброто“ во добар актер и добра актерка? Ако не, тогаш чуму сите тие родови поделби на наградите, како талентот и вештината за глумење да зависи од анатомијата и хормоните? Некои од големите наградни манифестации почнуваат да ја преиспитуваат оваа концепција.
Најк, Гугл, Греј Пупон и Канон, се четирите брендови што завршија на списокот со номинации за Еми за најдобра реклама. Прогласувањето на победниците е во септември.
Од големата тројка, Оскари, Глобуси и Еми, последните се единствените кои наплаќаат за влез. На страна картите, Холивуд троши сериозни пари во трката за Еми.