Речиси сите тв серии номинирани за најдобри драмски или хумористични наслови на претстојното делување на Еми наградите биле видени од помалку од половината потенцијални гледачи. А за 50% од нив, 50% од луѓето првпат слушаат.
Истражување на одбраната мостра испитаници - од кои 51% се претплатени на Нетфликс - покажало дека најгледани меѓу номинираните и натаму се оние кои одат во етер а најмалку оние кои ги има на кабловска или стриминг.
Најгледана од номинираните е “Modern Family“ на ABC (56%), втора “This Is Us” на NBC (35%) и трета “Black-ish” на ABC (28%). Сите три се бродкаст и сите три се даваат во недела. Некои од останатите номинации биле видени само од 5% од луѓето.
„Реалноста е дека сериите на кабловска или стриминг се добро примени и оценети од медиумите и јавноста но зад нив не стои маса гледачи. Луѓето сè уште тешко ги наоѓаат а добар дел од нив не ни знаат дека постојат“, вели аналитичар од групацијата која го спроведе истражувањето.
Познатата „House of Cards“ на Нетфликс со 68% испитаници се истакнува во категоријата „имам слушнато за неа ама никогаш немам гледано“.