Говорејќи за глобалните проблеми, извршниот уредник на National Geographic посочил една теорија според која сапуниците се тие што ќе помогнат во ограничување на светската популација.
"За две генерации Бразил падна од 7 на 2 деца по семејство. Падот на плодноста коинцидираше со растот на сапунските опери во кои ликовите се стремеа кон подобар живот. Жените се чувствуваат посилни и подобро во врска со себе," објаснил Денис Димик.
Во 2011-та, магазинот објави извештај на темата во кој објаснува дека тајната на влијанието е во суптилната промоција на "екстравагантниот материјализам" на помалите семејства наспроти големите.
Надвор од сапуниците, Димик објаснил дека клучот за надминување на проблемот со светската популација е образување на жените како да го планираат животот и очекувањата.
"2,1 дете по жена. Ако го постигнеме тоа, мораме да го задржиме. Тоа е магичниот број," порачал Димик.