Одговарајќи на AMA (Ask me anything) сегментот, GamesMisconduct63, објаснил дека работата во Мекдоналдс всушност е интересна и дека за тоа најзаслужни се неговите колеги.
Тој признал дека имал "ситуации" на работа како - му се заканиле дека ќе го убијат, потоа некој го гаѓал со сладолед а еден лик пробал да плати со пари од монопол, ама дека тоа не му го менува мислењето.
Одговарајќи за "тајните" на Мекдоналдс, Games тврди дека и наспроти општото мислење, никој, никогаш (во неговиот Мекдоналдс) не си играл со храната на муштериите и дека тоа е најголемо зло што некој вработен може да го направи.
Што се однесува до храната, тој објаснува: "Ако бургерите веќе се направени, нив ги чувавме подгреани максимум 10 минути, иако можат да издржат цел час пред да го загубат структуралниот интегритет (дали е свеж или не)."
Други работи:
- Масите се чистеле на секое 10 минути (исто и подот ако било потребно).
- Најкомплицирано нешто да се направи - Хепи Миал, затоа што има премногу варијабли. Каков пијалак, сендвич, благо, па дали е играчката за машко или за женско...
- Надуваните муштерии се многу полесни за справување, отколку оние под дејство на алкохол. Голем број од вработените во Мекдоналдс имаат разбирање за муштериите што доаѓаат во ниедно време од ноќта.
- Менито за појадок не може да се нарача подоцна, бидејќи тоа се прави со посебна опрема.
- Најголемиот дел од сендвичите се подготвуваат наопаку, па потоа се исправаат кога ќе се затвори кутијата.