Откако ја прегазила швалерката на својот сопруг, 38 годишната Жанг Ши, се соблекла гола и легнала пред брзата помош, за да не може да стигне до повредената жена. Таа дури не сакала да се тргне и кога полицајците и се заканиле со оружје.
"Таа ги спречуваше сите што сакаа одма да им помогнат. Кога се појави брзата помош таа се соблече и легна пред возилото само за да не може да ги однесе жртвите во болница," изјавил портпаролот на полицијата во провинцијата Шандонг.
Жанг ја прегазила жената и нејзината ќерка, а дури и го нападнала болничарот кој се обидел да му помогне на девојчето. Девојчето подоцна починало во болница од повредите.