Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

За кретени – игнор

На кретените, идиотите, сељаците, троловите или како и да ги викат оние кои ве с'скаат на кавга, можеби најдобро е да им се ќути, сметаат психолозите.

Околу Земјата има уште милиони слични на рускиот метеор

Метеорот кој удри во Урал постави рекорд за најголем метеор што удрил на Земјата во изминатите 105 години, меѓутоа во космички рамки тој е еден од милиони слични метеори кои вртат во астероиден појас што се наоѓа во нашата галаксија.

На маката се познава порното

Во трагедија од епски размери од домот на 43-годишен маж му е украдена внимателно собирана порно колекција во вредност од 7.500 долари. Некој сепак одлучил да направи нешто во врска со ова.

Сеќавањата ни страдаат од љубов

Некои врски ги памтиме само по доброто, а од некои само најлошите моменти, и единствената разлика меѓу двата моменти е довербата.

Цимерот на Папата

Папата Бенедикт 16-ти деновиве најостро ги отфрлуваше теориите на заговор според кои тој се повлекува од позицијата заради геј скандал, и за да го докаже ова тој одлучи дека во пензионерската палата ќе живее заедно со - неговиот досегашен секретар во Ватикан.

Нови пози за седење на работа

Паметните телефони и таблетите не само што го променија начинот на кој комуницираме и работиме туку и начинот на кој седиме додека работиме. Производителите на канцелариска опрема бараат начин како да направат опрема за новите работни пози.

Пет шоп економија

На "одржување и развој" на своите дoмашни миленилиња, Американците годишно трошат 52 милијарди долари. Пoвеќе отколку на кафе и флаширана вода заедно. Еве како се трошат парите:

ТЕД: 10-те реклами што вредат да бидат споделени

Секоја година ТЕД прави список на реклами за кои тие веруваат дека заслужуваат и вредат да бидат споделени. Не им е важна гледаноста, не им е важна компанијата, важно им е дали вредат луѓето да ги изгледаат.

Мрзо моја, прејди на бенч

Една третина од сите луѓе што одат на вежбање (билдинг / фитнес) воопшто не се потат додека се на тренинг, и тоа не од здравствени причини, туку затоа што само се маткаат додека се таму.

Запишаните мудрости на Луи

Луи Ц.К. многу зборува, ама па и тоа му е работата. Човекот речиси 30 години е стендап комичар, и во ова време има кажано работи на теми од капитализам до прдежи, од политика до мастурбација.

Пиратеријата не ѝ пречи на Игра на троновите

Во крајно гандиевска изјава во врска со пиратеријата, режисерот на Игра на троновите изјави дека нелегалните симнувања не се битни, бидејќи "шоуто просперира благодарејќи на муабетот што се прави за него."

Деспина од Киргистан

Киргистан не само што е земја во која царуваат бракови договорени од фамилиите туку и земја во која можеш да влезеш во брак со киднапирање на избраната. И ти се важи.

Лошото спиење драматично го менува организмот

Серија на ноќи (доволни се само 7) во кои лошо спиете може да има длабоки последици на внатрешното функционирање на човековото тело.

За грст ореви

Поентата на криминалот е на што е можно полесен начин да заработиш пари, а не цел живот да ргаш за парче леб. Ова што го прават Кинезиве нема ни поента ни смисла.

Рускиот уличен фронт против дрогата

Паралелно со регуларната марихуана, рускиот пазар е преполн со т.нр "синтетичка марихуана," која во основа воопшто не наликува и е бескрајно поштетна и поопасна од оригиналниот производ. Како одговор на ова низ земјата почнуваат да се формираат банди од млади дечки кои најдиректно тргаат во лов на дилерите на оваа дрога.

МекФарлан e злато за Оскарите

Прво медиумите му се с'снаа на МекФарлан дека шегите на церемонијата му биле очајни. Oдма одговорија неговите колеги комичарите за кои МекФарлан бил феноменален. На крај остана спорот да го реши рејтингот што го имаат Оскарите.

Колку зијан прави една лоша рецензија?

Основачот на компанијата Тесла Моторс вели дека негативната рецензија за нивниот електричен Седан објавена во Њујорк Тајмс и нанела штета на фирмата од 100 милиони долари.

Добредојдосте во Америка

Минатата година туристите потрошиле 168 милијарди долари за време на своите посети во САД, сума од која Американците не се задоволни.

Нокиа со батерија што трае 1 месец

Сред најголемата војна на смартфони, Нокиа реши да го понуди она што најдобро знае да го прави, мобилен телефон, со копчиња и батерија што му трае еден месец (на стенд-бај).

Дали Најк ќе мора да ги откаже хероите?

Целата маркетинг стратегија на Најк се базира на три точки: 1. логото, 2. спортски херои и 3. претворањето на рекламите во вест која потоа самата се рекламира. Во последно време втората точка им прави невидени проблеми.

Америка помалку јаде, ама џабе и е

Или Американците нешто прават погрешно или некој ги лаже, бидејќи според новите статистики тие како нација јадат помалку калории, меѓутоа и понатаму имаат подеднакво иста стапка на дебелина.

Како на некои Британци им тргна во животот

Македонската "првобитна акумулација на капиталот" сè уште е свежа па нејзините победници не се стигнати до лекцијата "срам". Во Британија е поинаку откако се откри дека добар дел од денешната елита за својот статус може да им заблагодари на парите добиени за робови.

Оскари 2013

Арго - филм на годината, Даниел Деј Луис - најдобар актер, Џенифер Лоренс - најдобра актерка, Анг Ли - најдобар режисер, Квентин Тарантино - најдобро сценарио. На Оскарите Линколн влезе со 12 номинации, Животот на Пи со 11, Клетници и Во добро и во лошо се со по 8 номинации, a Арго со 7.

Кој може да биде Грк?

Не е лесно да си Македонец во Грција, ама има и луѓе на кои им е бетер. Отприлика еден милион луѓе.