Со истражувањето објавено во журналот Personality and Social Psychology, тимот психолози од Универзитетскиот колеџ Редимер (Онтари), довербата ја дефинираат како:
"Очекувањата дека можеш да се потпреш на партнерот да одговори на твоите потреби и да го промовира она што ти е од најголем интерес, и сега и во иднина."
Во оваа дефиниција "очекувањето" се базира на минати искуства, па така на пример ако партнерот извршил прељуба, помалку е веројатно дека ќе имаш доверба во него дека тој нема да го повтори истото.
Меѓутоа според нив довербата делумно се базира и на слепо верување. Комбинираната тежина на искуствата и верувањето, кога е во корист на врската, "сигнализира дека е сигурно да бидеш зависен од својот партнер."
Според психолозите луѓето ќе ги преувеличуваат работите од минатото во правец кој ќе ни послужи да се заштитиме себеси. Па така е многу поверојатно несразмерно повеќе да се сеќаваш на лошите моменти кога сакаш да се заштитиш (од некоја мината врска) или добрите моменти кога бараш основа или стабилност за врската.
Ова посебно важи за "престапите" во врската - однесување кое не му се допаѓа на партнерот, за некои ова може да биде прељуба, за некои престапот може да биде оставање на отворена паста за заби.
Бидејќи престапите можат да го поткопаат чувството за стабилност во врската, ние знаеме посебно да ги преувеличиме овие сеќавања. Инаку, ние многу попрецизно се сеќаваме на нашите престапи, бидејќи нив не ги интерпретираме како закана за врската.