Околу 15.000 жени од Киргистан годишно се киднапираат со намера да станат нечии сопруги без нивна волја. Во многу региони од земјата, ваквата пракса или се оправдува или пак едноставно се прифаќа како таква.
Ја киднапираш избраната, ја носиш дома, ја држиш затворена и по некое време ја известуваш нејзината фамилија дека таа ти станала жена. Тоа што таа не сака, нема големо влијание бидејќи нејзините и онака после тешко да ја примат дома.
Неодамна бил донесен закон за санкционирање на ваквото влегување во брак кој предвидува 7 годишна казна за киднапирање девојка постара од 17 години, а 10 годишен затвор ако е помала од 17.
Киднапирањата најчесто се изведуваат групно, со помош на членови на фамилијата со кои потоа, живи среќни се носи невестата дома.