
Режисерот Давид Петрaка изјавата ја дал за време на една конференција, откако модераторот спомнал дека Игра на троновите е најпиратираното шоу во 2012, со 3,9 милиони симнувања по епизода, што е еден милион повеќе по епизода отколку второпласираното шоу на листата, How I Met Your Mother.
Според Петрака една од предностите што ја има работењето со ХБО е што 60-те милиони претплатници на кабелската телевизија, даваат "одредена изолација од ефектите на пиратеријата."
Тој исто така порачал дека постои "лажна линија" меѓу киното и телевизијата, забележувајќи дека неколку годишната продукција на Линколн, на ХБО можела да се направи во неколку месеци.