Досега молчењето при расправија се сметаше за негативен механизам, за манипулативна техника за изразување незадоволство или одбивање.
Нови психолошки студии откриваат дека молчењето сепак знае да биде злато. Хипотезите биле проверувани со стандардни истражувања во групи при што се констатирало дека игнорирањето на непријатните соговорници ги чува менталните ресурси кои би биле исцрпени доколку се влета во расправија.
Психолозите порачуваат дека ваквиот заклучок се однесува на недоразбирања со малку познати или непознати луѓе и не треба да се применува во семејни и други блиски односи. И во такви кругови молчењето знае да штеди енергија меѓутоа долгорочно ваквата стратегија влијае врз квалитетот на врската.