На маката се познава порното

Во трагедија од епски размери од домот на 43-годишен маж му е украдена внимателно собирана порно колекција во вредност од 7.500 долари. Некој сепак одлучил да направи нешто во врска со ова.

Во колекцијата на 43-годишниот Еарли Џонсон имало порно материјали од изминатите 40 години, кои во најголем дел се фокусирале на црните актери, бележејќи ги како старите така и новите ликови. Освен порното на Џонсон му биле украдени и 3 телевизори, меѓу кои и еден тазе купен 3Д ХД телевизор, кој го спремал за гледање порно во ХД.

Кога приказната на Џонсон се раширила неколку порно компании се понудиле да му помогнат повторно да ја собере колекцијата. На списокот се Monarchy Distribution, Naughty America, Girlfriends Films, AMK Empire/AMKingdom.com и Exquisite Films/Juicy Video.

"Ова е врвен порно фан. Ова е човек кој купува порно ДВД неколку пати неделно. Тој е колекционер кој од секоја плата одвојува пари за порно," изјавил Мајк Кулич од Monarchy Distribution.

Џонсон објаснува дека порното му го има спасено бракот и дека тоа го спречило да ја измами сопругата "па затоа гледам порно со нејзина дозвола."

28 февруари 2013 - 20:25