
Само половина од активните членови (оние кои што физички се присутни во вежбалната) сериозно го истеруваат својот тренинг. Другата половина го троши времето на зјапање во спротивниот пол, забуна околу тоа како се користи некоја справа (или како се прави вежба) или не сакаат да се испотат.
Добар дел од забушантите своето време го трошеле на муабет со пријатели или читајќи додека висат на некоја од справите. Секој четврти испитаник признал дека повеќе оди во вежбална за да се релаксира во сауна или џакузи, отколку да вежба.
Дополнително, секој 10-ти изјавил дека оди за да може да ужива околу базенот, а секој 20-ти оди на тренинзи за да може да гледа фудбал на голем телевизор.