Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Најдобриот центарфор на денешницата, снажниот Норвежанец Ерлинг Халанд со нов стил влегува во новата сезона- ја ишишал препознатливата долга коса. Сега има кратка коса. Се ишишал па им се јавил на Пеп Гвардиола, на Грилиш, Ноел Галахер и Ибрахимовиќ.

„Не, нема шанси! Имаш среќа што имаш коса, и јас би сакал да имав, ми се допаѓа“, му рекол Пеп.

Ибрахимовиќ во свој стил: „Што си направил!? Изгуби опклада ли што? Блокирај ме и избриши ми го бројот“, му рекол Ибра на смеа.

 

24 август 2026 - 10:43