- Во услови на рекордно ниски рејтинзи на претседателот Доналд Трамп на национално ниво, нова проекција покажува дека тој има негативен скор во сите освен во три држави.
- Повеќе луѓе не го одобруваат отколку го одобруваат работењето на Трамп во 47 од 50 држави и Вашингтон.
- Трите држави каде што мнозинството испитаници сè уште го одобруваат претседателот се Вајоминг (+14), Ајдахо (+9) и Западна Вирџинија (+6). Сите три гласаа за него на изборите во 2016, 2020 и 2024 година.
- Најнизок рејтинг Трамп има во Вашингтон (минус 82) како и Мериленд и Вермонт каде е на минус 50.
- Вработена во МВР која во 2021 година била отпуштена поради злоуотреба при издавање на лични документи, па со судска одлука во 2025 година вратена на работното место, сега е повторно уапсена под сомнение за злоупотреби при издавање возачки дозволи.
- Против неа и уште 26 лица Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.
- Толку за судовите.
- Десетици илјади луѓе се собраа на плоштадите во Приштина на „Маршот за слобода“ за да дадат поддршка на припадниците на ОВК, пред објавувањето на конечната пресуда од страна на Специјализираните совети во Хаг во врска со обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.
- Пресудите за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими ќе се знаат за четири дена. Обвинителството бара секој од нив да добие казна затвор од 45 години.
- Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година. Обвинети се за прогон, убиство, мачење, злоставување и исчезнување на луѓе за време на војната во Косово во 1998 и 1999 кога биле убиени повеќе од 100 политички противници и претпоставени соработници на српските безбедносни сили, а стотици биле злоставувани во 50-ина логори управувани од ОВК.