Бројките од неделата покажуваат дека Оскарите имале скок на гледаноста од неверојатни 20% кај најважната група на гледачи на возраст од 18 до 34 години, додека севкупно добиваат 3% поголема гледаност од 2012. со вкупно 40,3 милиони гледачи.
Сепак добрите бројки нема да значат повторување на ангажманот за МекФарлан, бидејќи дел од причината за неговото присуство беше што тоа само по себе преставува новина во работењето на Оскарите и покажување храброст од страна на Академијата (да се ангажира мајстор за навреди за водење со најважната вечер за неговата индустрија).
Оваа мотив нема да го има истиот ефект ако целиот настан се повтори и пак го изберат МекФарлан. Меѓутоа она што останува е дека експериментот на Академијата е успешен и многу е веројатно дека во иднина тие ќе се свртат кон поризични избори, наместо повторување на водители како Били Кристл, Стив Мартин или Вупи Голдберг.