Астероидниот појас е сместен некаде меѓу орбитите на Марс и Јупитер и според научниците тој врие од метеори кои се далеку поголеми од оној што урди во Русија.
Според процените на НАСА има околу 4.700 астероиди во близина на Земјата и кои се доволно големи за да го преживеат влегувањето во атмосферата и да направат сериозна штета на планетава. Од овие 4.700, до сега биле откриени само 20 до 30%.
Научниците веруваат дека најголемиот дел од метеорот (кој се уште го немаат извлечено) завршил под мразот во езеро на планината Урал.
Во меѓувреме, двајца научници од Колумбија користејќи ги снимките од метеорот открија дека тој потекнува од една група од 240 астероиди, позната како семејството Аполо. Ова е истата група од која доаѓа и метеорот кој во 1908-ма ја предизвика Тунгуската експлозија, во која биле уништени 2.000 километри квадратни шума.