Колку зијан прави една лоша рецензија?

Основачот на компанијата Тесла Моторс вели дека негативната рецензија за нивниот електричен Седан објавена во Њујорк Тајмс и нанела штета на фирмата од 100 милиони долари.

"Да изгубиш 100 милиони заради лош напис не е баш тривијално", изјави првиот човек нас Тесла Елон Муск во интервју за Блумберг. Штетата е нанесена главно по берзанската вредност на компанијата а по објавувањето на рецензијата неколку стотици нарачки биле откажани.

Вака стојат бројките:

Во петок, дента кога се објави написот во кој се тврдеше дека автомобилот на Тесла има проблеми со акумулаторите и дека е практично неупотреблив за студено време, акциите на Тесла завршија на $39.48 по акција, што на компанијата и даваше вкупна вредност од 4, 5 милијарди долари. Утредента паднале за 24 центи а веќе во понеделник изгубиле цел долар. Со оглед на тоа што Тесла има 113.000 акционери, вистинска е бројката од изгубени 100 милиони долари по критиката на Њујорк Тајмс.

Но.

Не е тоа целата приказна. Малку е веројатно дека многу клиенти веднаш ја виделе рецензијата и ги откажале своите нарачки преку викенд, а уште помалку веројатно дека тој бран веднаш дошол и до инвеститорите на берзата па тие веднаш решиле дека е време да се ослободуваат од ризичните акции.

Затоа, еве што се случи подоцна, откако пишувачот на Њујорк Тајмс објави и "реакција на реaкцијата" на Муск. Акциите на Тесла се вратија на претходното ниво за една недела (39.28 долари) . Но, веднаш потоа беше објавен и последниот квартален извештај за работењето на компанијата во 2012-та (не баш сјаен) по што акциите се урнисуваат на 35.16, што е вкупна пазарна загуба од 469 милиони долари. А таа загуба не може да и се припише на статијата во весникот.

И сега каде е вистината? Некаде на средина: напис во влијателен весник навистина може да донесе штета или корист но долгорочната и вкупна вредност на еден бизнис сепак зависи од комплициран однос на многу фактори.

26 февруари 2013 - 11:12