Монсињор Георг Генсвајн ќе продолжи со својата функција како секретар и кај следниот папа, меѓутоа приватно, после работа ќе живее со Папата во пензија.
На прашањето за евентуалните конфликти, околу тоа што еден човек ќе биде близок со двајцата понтифи, портпаролот на Ватикан одговорил: "одлуката е јасно разгледана и е донесена заради едноставност. Верувам дека целата работа е добро размислена."
Иако рече дека "сака мирно да исчезне во својата пензија," Бенедикт нема да го падне во хиерархијата, туку ќе ја задржи функцијата Папа, што само по себе значи дека и понатаму ќе шета во бело, наместо во црно како што носат останатите свештени лица, а тој ќе остане и во близина на Рим, наместо да се повлече во некој од манастрите во Баварија.