Не само што јадат помалку отколку пред една деценија, туку денес Американците успеале и да ја ограничат количината на брза храна што ја консумираат.
Меѓу 2007-ма и 2010-та околу Американците внесувале 11,3% од дневните калории преку брза храна, намалување за 1,5% во споредба со периодот меѓу 2003-та и 2006-та. Консумацијата на овој вид на храна најмногу се намалила кај луѓето на возраст над 60 години.
Во истото истражување се покажало и дека луѓето кои најголемиот дел од калориите го внесуваат од брза храна, биле и најдебели на истражувањето.
Најголем пад има во консумацијата на јагленхидрати, а додека возрасните (60+) почнале да внимаваат на она што го јадат, децата и понатаму консумираат иста количина на маснотии како и во 2000-та, единствено сега го имаат зголемено внесот на протеин.
Проблемот во математиката на Американците е што и покрај тоа што тие консумираат помалку калории, тој пад не е доволно голем за да влијае на општото ниво на дебелина во земјата.