Наместо отворен систем за номинации, ТЕД користи шест тимови за номинации составени од двајца - еден познат ТЕД говорник во пар со една "растечка ѕвезда" од адвертајзинг индустријата.
Номинациите ќе бидат поделени во 6 категории: приказна, општествено добро, културен компас, креативно чудо, храброст на бренд и образование.
За годинава ТЕД ги избра овие 10 реклами:
Кока-кола инспиративни дела на добрина кои луѓето ги прават кога мислат дека никој не ги гледа. Рекламите се направени од безбедносни камери.
Британски Канал 4 - реклама за силата и длабоката решителност на параолимпијците
Доџ Рам - трибјут на Американските земјоделци и сточари
Експедиа - патувањето на Арти Голдстајн, кој сепак решил да оди на истополовата свадба на својата ќерка
Мелбурн Метро Реил - рекламата за глупите начини на кои можеш да умреш
Алијансата за Дождовната шума - во која бараат од луѓето активно да учествуваат во спасувањето на Дождовната шума.
Дел - Сонот на една 5-то оделенка
Гардијан – како денес би се развивала приказната за 3 прасиња во 24-часовниот круг на вести
GlaxoSmithKline - за тоа дека публиката е единствениот допинг што му треба на спортистот
ТНТ - живата акциона сцена во еден белгиски град