Во 2012-та САД пречекале вкупно 66 милиони туристи, кои потрошиле 11% повеќе отколку во 2011. а најголемиот дел од гостите дошле од држави во кои средната класа бележи раст како Кина, Бразил и Индија.
Најголем дел од парите на туристите завршуваат на локациите кои поблиску до Јужна Америка или Азија, како Лос Анџелес, Лас Вегас и Сан Франциско. Њујорк е еден од ретките исклучоци од правилото.
Туристите кои пристигнуваат од далеку во просек трошат по околу 4.000 долари на посета, додека туристите од Мексико и Канада (на кои отпаѓа најголемиот број) трошат помалку од 1.000 долари на посета.
Падот на бројот на туристи од Европа, кои некогаш беа најбројната група Американците го надополнуваат со растот на посетители од Бразил, Индија и Кина.
И покрај ваквите бројки, Обама и администрацијата се прилично незадоволни од посетеноста и веќе почнаа да работат на програма чија цел е до 2021-ва САД да имаат 100 милиони туристи годишно.