Во последните 2 месеца, паднаа двата херои "повратници" на Најк, Ленс Армстронг, човекот кој успеа да го победи ракот и да освои 7 титули на Тур Д Франс и Оскар Писториус, човекот кој без нозе успеа да се квалификува на Олимпијадата за трките на 400 метри.
И во основа не е проблемот во изборот на Најк, туку во самиот број на спортисти што ги имаат ангажирано, од кои постои голема веројатност некој нешто да направи погрешно.
Со тек на време за Најк ќе станува се потешко да го менаџира својот имиџ кога некои од нивните херои ќе бидат "влечени низ кал" од медиумите заради нивните погрешни одлуки или кривични дела.
Пред Армстронг и Писториус, Најк имаше проблем со неверноста на Коби и Тајгер Вудс, со допингот на Мерион Џоунс и Алекс Родригез, како и со скандалот со борбите на кучиња на Мајкл Вик. Во овие ситуации (освен во случајот со Вик) од Најк решија и низ проблемите да останат со своите херои и да не им ги прекинуваат договорите.