„Мислам дека историјата не е глупава, туку таа надополнува многу работи. Ако ме прашате за 50 години, би рекол дека тие места не се празни, се чувствувам како јас да сум ги освоил“, вели седумкратниот освојувач на Тур де Франс.
Ленс Армстронг цврсто стои зад своите ставови. Откако ја отвори душата во шоуто на Опра Винфри и рече дека секој негов триумф е незаслужен повторно ја шокираше јавноста со нова изјава.
Целата маркетинг стратегија на Најк се базира на три точки: 1. логото, 2. спортски херои и 3. претворањето на рекламите во вест која потоа самата се рекламира. Во последно време втората точка им прави невидени проблеми.
Што е заедничко за Оскар Писториус, Ленс Армстронг и Тајгер Вудс? Сите тие беа заштитни лица на Најк и имаа по некоја беља со која на компанијата и направија повеќе негативен публицитет отколку реклама.
Еден осврт на целата контроверзa со Ленс Армстронг и сите што се разочараа од него (без разлика што човекот има собрано 500 милиони долари за борба против рак).
Неколку жители на САД, помеѓу кои е и еден советник на Шварценегер, го дадоа на суд Ленс Армстронг заради лагите во неговите книги во кои тврди дека ги освојувал титулите благодарение на макотрпен тренинг.
По долга истрага, негирање и лажење, Ленс Армстронг синоќа конечно призна дека се допингувал. Еве како изгледаа неговите претходни изјави на оваа тема.
Во интервју за шоуто на Опра Винфри, велосипедистот Ленс Армстронг призна дека користел недозволени средства за време на неговата кариера во која освои седум титули на Тур де Франс.
Меѓународната велосипедска федерација денес ја прифати одлуката на американската анти-допинг агенција и му ги избриша седумте титули на Ленс Армстронг.
Кој знае колку бил ифрит, или хумористично настроен продавачот во местово, кое додуша повеќе личи на некоја продавница од втора рака отколку на книжарница, па јасно и со дебел фломастер му го плеснал на Ленс на корица.
Легендарниот велосипедист Ленс Армстронг не доби дозвола да трча на маратонот во Бостон заради доживотната забрана од Американската анти-допинг агенција.
Еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња, седумкратниот шампион на велосипедската трка „Тур де Франс", Ленс Армстронг објави дека се повлекува од борбата против обвинувањата за допинг.