Уште што ли може да му се случи на Ленс Армстронг? Му ги одземаа сите титули и му забранија да се натпреварува во било кој олимписки спорт, а сега почнаа да го тужат и негови поранешни обожаватели.
Читателите на неговата книга „Не е до велосипедот" поднесоа тужба во нивно и во името на останати купувачи на книгата, а во тужбата се споменува и втората книга на Армстронг, „Секоја секунда се брои".
Во книгата „Не е до велосипедот", Армстронг ги негира обвинувањата дека се допингувал и се опишува како легендарен велосипедист кој ја добил битката со ракот на тестисите, а потоа триумфирал на Тур де Франс благодарение на правилна исхрана и напоред тренинг.
Еден од подносителите на тужбата е Роб Штуцман, заменик шеф на кабинетот на поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.