Интервјуто е снимено во понеделникот и ќе се емитува во четврток и се уште не се знаат детали за изјавите на Ленс Армстронг, но извори на новинската агенција Асошиејтед прес велат дека тој признал дека се допингувал.
Со признанието за користење на недозволени стимуланси, Армстронг направи чекор нанапред кон неговиот обид за укинување на доживотната забрана за бавење со било кој олимписки спорт.
Според шпекулациите, негов следен чекор е да сведочи против неколку моќни луѓе од светот на велосипедизмот кои знаеле за неговиот допинг. Помеѓу нив се членови на Интернационалната велосипедска унија, челници на велосипедски клубови и федерации, но тој нема да сведочи против други спортисти.
Велосипедската легенда во 1996-та година боледуваше од рак на тестисите, а откако ја доби битката со болеста, седум пати ја освои трката „Тур де Франс", нешто што не му успеало на ниту еден друг велосипедист во историјата.
Американската анти-допинг агенција ја започна истрагата во 2010-та година откако неговиот поранешен колега, Флојд Лендис испратил писма до надлежните институции во кои тој тврди дека Армстронг користел недозволени средства и трансфузија на крвта за време на неговата кариера.
Армстронг ги отфрлаше обвинувањата изјавувајќи дека за време на неговата кариера му биле извршени над 500 допинг тестови, но истрагата продолжи и по долга борба тој реши да се повлече.
Неговото повлекување од борбата му донесе доживотна забрана за натпреварување и одземање на сите титули, а неговото има ќе биде избришано од сите документи и книги на рекорди каде тој успеал да се запише.