Во 30 минутен документарец за БиБиСи насловен како The Road Ahead, Армстронг зборува на истата тема на која за прв пат пред камера се отвори на шоуто на Опра Винфри. За тоа дали исто би постапил и сега, има два одговори.
„Ако се тркав во 2015-та, тогаш не, не би го направил истото бидејќи мислам дека не треба“.
„Ако ме вратите во 1995 година, кога допингот беше целосно продорен, најверојатно ќе го направев истото“, вели Армстронг.
Најпознатиот англиски медиум пренесува уште неколку поенти за кој зборувал поранешниот велосипедист.
- Последниците од неговата исповед е “тешка“, а тој сега животот не го живее со 100 на саат, туку со 10.
- Неговата одлука за наркотиците беше “лоша“, но земена во “несовршено време“
- Тој сè уште чувствува како да ги освоил сите седум титули кои му беа одземени од Тур де Франс.
- Возел чист по вториот кам бек во 2009 и 2010 година.
Американската Антидопинг агенција во 2010 година поднесе извештај од 1.000 страници со кој потврди дека Армстронг користел недозволени средства, а освен одземањето на сите титули тој беше доживотно суспендиран.