Американскиот велосипедист и седумкратен победник на Тур д Франс кој е доживотно суспендиран од овој спорт и кој остана без своите титули, во интервју за францускиот весник „Ле Монд" сите освојувачи на престижната трка "ги направи" наркомани.
„Јас не го измислив допингот и ниту го сопрев во мене. Во зависност од тоа која трка сакате да ја освоите ќе мора да го земате. На пример Тур д Франс е невозможно да се победи без допинг", изјави Армстронг.
Според него допингот не може да му помогне на тркач на 100 метри, но за трка од 10.000 метри има разлика. За себе вели дека влегол во систем кој од секогаш постоел и кој ќе продолжи и понатаму.