
По суспензијата од американската анти-допинг агенција и меѓународната велосипедска федерација го прифати извештајот за допингувањето на Ленс Армстронг и тој заработи глобална доживотна суспензија.
Освен суспензијата, на Армстронг му се одземени титулите од Тур де Франс каде триумфираше од 1999-та до 2005-та година, а неговото има ќе биде избришано од сите документи и книги на рекорди каде тој успеал да се запише.
Американската анти-допинг агенција (УСАДА) започна истрага уште во 2010-та година и го обвини Армстронг дека се допингувал за време на својата кариера. Тој долго време ги отфрлаше обвинувањата реши да се повлече од борбата, а по неколку недели УСАДА ги објави документите од најсофистицираната допинг програма и со цврсти докази потврдија дека поранешната велосипедска легенда ги постигнал своите успеси користејќи недозволени супстанци.