Чудниот почеток на крајот на Армстронг

Кога Кајл Леогранде беше уапсен за допинг во 2008, тој не ни сонувал дека тоа ќе доведе до падот на најпрославениот велосипедист во историјата.

Леогранде како млад бил надежен велосипедист, но прави голема пауза, за во 2004-та, откако бил инспириран од победата на Армстронг на Тур де Франс, да се врати на спортот.

Тој се зачленува во про-тим и наскоро открива дека допингот е сеприсутен во спортот, па и тој се приклучува.

Во 2008-ма Легоранде добива супензија заради допинг, но не затоа што паднал на тест, туку затоа што сам признал дека зема допинг.

По ова тој е суспендиран, но наместо да ја "одлежи" казната на мир, тој ненамерно започнува цела низа на настани кои ќе доведат до падот на Армстронг. По суспензијата, тој се преселува од својата куќа, но на одење ги заборава стимулансите (EPO - http://en.wikipedia.org/wiki/Erythropoietin) што ги користел во замрзнувачот во стариот апартман. По ова, газдата на станот ги повикува властите (конкретно Food and Drug Administration - FDA), кои почнуваат со испрашување на Леогранде за велосипедизмот и конкретно за Армстронг.

На прашање, "дали мислиш дека и Ленс зема допинг" Леогранде одговорил: "Тој се трка на оние варварски трки низ Европа. Ако ти си велосипедист на тоа ниво, што би правел ти?"

По ова започнува истрага против тимот на Леогранде.

Во пролетта 2010-та, Флојд Лендис (еден од поранешните членови на тимот на Армстронг) им призна на властите дека користел допинг, како и тоа дека и останатите врвни велосипедисти, вклучувајќи го и Армстронг, користеле допинг.

Токму тие му предлагаат на Лендис да ги контактира луѓето на FDA кои веќе започнале истрага против тимот на Леогранде, и да им раскаже за се што знае за допингот во неговиот тим.

Откако Лендис оди во FDA, агенцијата започнува со испрашување на останатите поранешни колеги на Армстронг, од кои некои почнуваат да сведочат против него и да зборуваат за неговиот допинг за време на трките.

19 октомври 2012 - 10:28