Рускиот уличен фронт против дрогата

Паралелно со регуларната марихуана, рускиот пазар е преполн со т.нр "синтетичка марихуана," која во основа воопшто не наликува и е бескрајно поштетна и поопасна од оригиналниот производ. Како одговор на ова низ земјата почнуваат да се формираат банди од млади дечки кои најдиректно тргаат во лов на дилерите на оваа дрога.

Групата се нарекува Молодежный Антинаркотический Спецназ (МАС) нема никаква политичка позадина и функционира на своја рака. Дечките функционираат низ целата земја и немаат некаква строга поврзаност или централа која ги координира, а главна мета им се уличните дилери на "спајс" (синтетичката марихуана), иако знаат да удрат и по други дилери.

Принципот на акција им е приближно идентичен. Се собираат група од 15 - 20 момци (понекогаш има и девојки), наоѓаат човек за кој се сомневаат дека е дилер и еден од нив оди до него за да купи пакетче спајс. Доколку човекот стварно продава (а ова најчесто се луѓе што работат во трафика), тие го враќаат пакетчето кај групата, го снимаат, и потоа прават јуриш на трафиката која комплетно ја демолираат, а дилерот (кој завршува со влечење ама без премногу ќотек) го посипуваат со црвена боја. Ако дилерот има автомобил, тој обично завршува превртен на кров.

Неколку акции:

 

26 февруари 2013 - 21:35