Вести

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Речник

Норвешката војска самата се шпионирала за Кинезите

Решавајќи логистички проблеми со транспортот на резервисти, норвешката територијална одбрана потенцијално доставила чувствителни снимки до Кина. На војници што учествувале на воени вежби им организирала превоз со изнајмени кинески автомобили со камери што снимаат сè наоколу. Членката на НАТО продолжила да ги користи дури и откако бил откриен пропустот.

Трамп турка нов мировен план за Украина

Дозволата што Трамп ѝ ја даде на Русија да извезува дизел, која го изненади Зеленски и предизвика бурни реакции од Европа, всушност е само дел од сеопфатен план за крај на војната во Украина. На Киев му се нудат безбедносни гаранции и пари за обнова на земјата, а Русија би добила енергетски проекти и долгорочен извоз на нафта и гас на европскиот пазар.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Привлекување странски инвестиции, поинаку

Литванија гори од желба следната фабрика на Тесла да биде изградена на нивна земја. За да му го привлечат вниманието на Маск, создале виртуелна Тесла фабрика во играта Мајнкрафт. Да види човекот како убаво ја личи.

Луѓето се малцинство на интернет

Преку 50% од вкупниот интернет-сообраќај во светот не го прават луѓе туку ботови. Како и кај луѓето, има добри и лоши ботови. Како и кај луѓето, повеќето се лоши. 

Ај да се кладиме дека не

Гледањето порно доведува до групен секс, е еден од главните аргументи на законодавците на Вирџинија, кои разгледуваат резолуција со која порнографијата ќе биде прогласена за штетна и токсична.

Децата од нашата улица

Во Скопје порано копиљаци можеа да изиграат сервис на улица (до 21, молим лепо) без да ги прекине кола, или да се тргнат најмногу еднаш-двапати за да пројде возилото. Денес би гинеле и пред да дознаат кој ќе сервира. Британците имаат добар штос за враќање на старо Скопје. 

Рон Пол најавува финансиска апокалипса

„Трамп ќе биде неправедно обвинет за катастрофата“ вели гуруто на американските либертаријанци Рон Пол кој предупредува дека САД и светот се пред уште една, досега најголема финансиска криза која е имплантирана уште во претходната.

Што мајка бара Норвежанец во Иран?

Поранешниот норвешки премиер бил задржан на вашингтонскиот аеродром и испитуван од остроумните американски служби. Им станал сомнителен откако во пасошот виделе дека пред три години го има посетено Иран. Пасошот бил диплломатски. 

Аршини за тероризам: Дали немуслиман може да биде терорист?

Канадскиот премиер ја изненади светската јавност кога на еден ден по нападот на џамијата во Квебек во кој загинаа 6, а ранети се 19 луѓе, случајот го карактеризираше како терористички напад. Ова е прва пат напад врз муслимани на Западот да биде наречен тероризам.

Вегетаријанството никако не помага околу климатските промени

Пред кое било решение што ветува одржливост на системот на храна во светот да биде сфатено сериозно, треба да мине три прашања: дали пак купуваш од продавница, дали менува само неколку работи или скоро сè во твојата исхрана, дали ти дава изговор да не направиш сериозни промени во исхраната? „Да“ на кое било од овие прашања е знак дека решението е гола вода на граница со измама.

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Мапа на европското иселеништво покажува дека Македонија е на врвот на земји во кои оние што се родиле таму, решиле да дигнат сидро. Босна, па Албанија па Македонија. А ние овде пак не наоѓаме слободно паркинг место.

Освен што ѝ треба чудо, Британија нема да има проблем со брегзит

Очекувањата се дека Британија добро ќе пројде со отцепувањето од Унијата, сè додека успее да ги постигне најдобрите трговски договори што некогаш се видени.

Како да ги убедите „идиотите“ да прејдат од ваша

Еден ден ќе се умориме објаснувајќи дека другата страна не (мора да) е глупа туку (можеби) има поинакво мислење. Но, изгледа ова не е тој ден.

Лобирање, вториот живот на европарламентарецот

Поранешните европарламентарци по завршување на службата за европските народи, своето искуство масовно го ставаат во служба на европските и светски лобија.

Лажните вести не бираат жртви

Американците го почнаа февруари (меѓу другото) со информацијата дека нацијата е пред снемување сланина, и дека националните залихи на сланина се на најниско ниво во последните 50 години. Медиумите во земјата се на раб да прогласат ДЕФКОН 1.

Телефонскиот разговор што ја врати Украина во 2015

Во последните два дена војување на фронтот во Донбас загинати се 27 војници на самопрогласената Народна република Доњецк и 78 украински војници, а Украинците имаат испукано и 2.500 топовски проектили, сето ова според бројки на прво-споменатите. Пред ова Трамп се слушна со Путин, а Порошенко слета во Берлин.

Зошто Меланија инстантно се растажи на инаугурацијата

Сите забележаа како Доналд Трамп сред свечената инаугурација и се сврти на сопругата и кратко и рече нешто кое нејзе во моментот и ја тргна насмевката. Ја крена главата и од озареност потона во длабока, молчалива потиштеност. Ситуацијата е чудна, и малку морничава. Светот се запрепасти како Доналд Трамп е безобзирен и суров кон најблиските. Ама, ако мене ме прашате, тоа е тоа. Со Словенци поинаку не може да се разговара.

Наука потопена во нарцизам

Стереотипот а ла Big Bang Theory е: научниците се социјално хендикепирани фрикови, изгледаат ко клошари и се позагрижени за спинот на електронот отколку за бројот на лајкови (бидејќи и онака немаат профил на Фејсбук). Но реалноста е поинаква и повеќе личи на House of Cards.

Медиумска милитаризација на Балканот

Србија и Хрватска тргнаа во набавка на ново оружје и размислуваат околу повторно воведување на воениот рок, додека Косово се погласно бара сопствена армија. На вака зовриената ситуација посебен "Балкан 1991" шмек и даваат медиумите.

Движење за српска Чешка

Како ретко кога последниве децении не станува збор за амбиции на српските националисти, туку за автохтоно чешко барање - Чешка да се претвори во Србија.

Како се составуваат ИКЕА имињата

Само во моментов ИКЕА има околу 12.000 производи кои за луѓето надвор од компанијата и надвор од Скандинавија, звучат како имињата да им ги дава генератор на рандом шведски зборови.

Гужвата околу имигрантите муслимани е дело на стратегот на Трамп

Кога во петокот Трамп ја објави забраната за муслиманите мигранти да влегуваат во САД, главното прашање беше колкав е нејзиниот опсег. Во саботата стигна објаснувањето - ова ги опфаќа и постојните 500.000 иматели на Зелена карта, кои ако се затекнале надвор од САД веќе немаат право да се вратат назад (или да пречекорат од транзит зоната на аеродром).

Демократите на своја штета заборавија на религијата

Како што републиканците и општо десницата направија светиња од религијата, така либералите ја претворија во табу тема, за која не знаат како вистински да зборуваат ниту со своите симпатизери.

Диктатура на тролетеријатот

Текстов зборува за лажните вести за наводни фудбалски трансфери како потпалувачи на емоции и јадици за кликови. Но неговите генерални заклучоци за тоа како стојат работите во медиумите, кои често го прават истото она што и некој безимен трол на социјалните мрежи, важи и во други области, во кои интегритетот и здравиот разум се на резервна клупа.

Ако Трамп забрани вработени на Твитер да се вратат во САД, дали Твитер ќе го банира Трамп?

После почетното примирје меѓу технолошката индустрија и Трамп, одлуката на САД да го забрани влезот на муслимани во земјата ги врати двете страни на авансно подготвените фронтовски линии, па сега секоја компанија гледа некако да му направи зијан на Трамп или на неговиот план.

Од тоа што медиумите ги користат Фејсбук и Снепчет, корист имаат само Фејсбук и Снепчет

Почетните знаци се дека содржините објавени директно на трети платформи, како Инстант статии на Фејсбук и Дискавер на Снепчет, малку придонесуваат кон вкупните приходи на медиумите.